Ако беше потребно малку подолго време за светските лидери да се приклучат на Facebook и на Twitter, сега е само прашање на време кога лидерите ќе се приклучат на Snapchat. Свои профили на платформата имаат Европскиот совет, Владата на Франција, Владата на Ирска, Стејт департментот, Обединитете нации, UNICEF и куп други организации. Освен ова профили имаат и претседателите на Франција, Аргентина, и премиерот на Полска.
Причина за користењето на Snapchat е едноставна. Snapchat е новиот Facebook за младите луѓе од 13 до 35 години, и станува сѐ поактивна друштвена мрежа. Она што може да ги охрабри политичарте е дека младите многу често одговораат на пораките на Snapchat, пример Министерството за надворешни работи на Британија вели дека стапката на ангажирање е над 60 отсто (број на прегледи на Snap во споредба со бројот на следбеници), а стапката на завршување е 90 отсто од сториите, јави VentureBeat.
The post Светските лидери и организации го прифатија Snapchat appeared first on IT.mk.